Top Sport

(Видео) Јуве на пенали го победи Милан

Фудбалерите на Милан и Јувентус, како и повеќето од најголемите клубови во Европа, моментално се во Америка каде играат пријателски натпревари пред почетокот на сезоната.

„Бјанконерите“ победија на пенали (4:3) по ремито 2:2 во регуларното време.

Беа постигнати три гола во далеку посодржајното и поефикасното прво полувреме, во период од дваесетина минути.

Најпрвин Германецот Малик Тиао погоди за Милан, потоа Данило во 33. минута изедначи на 1:1, а Жиру му ја врати предноста на Милан во 39.

Конечниот резултат го постави Даниеле Ругани во 48. минута.

Резултатот не се менуваше до крајот на мечот, иако имаше шанси на двете страни.

Во пенал рулетот Суле, Хујсен, Николуси и Милик погодија за Јуве, Костиќ и Самуел Илинг Јуниор не, додека за Милан прецизни беа Адли, Де Кетеларе и Коломбо.

Ромеро, Побега и Бартесаги како последен изведувач не беа сигурни од 11 метри.

Scroll to Top