Top Sport

(Видео) Клои Кели има посилен шут од фудбалерите во Премиер лигата

Светското првенство за жени се игра во Австралија и Нов Зеланд, а деновиве многу се зборува за Клои Кели.

Англичанката со својата селекција беше убедлива во групата, а потоа во осминафиналето на пенали ја „преживеа“ Нигерија.

Кели, фудбалерка на Манчестер сити, го одбележа пенал-рулетот, со својот необичен стил и силниот удар.

Англичаните со помош на специјална технологија во топката забележале топката летала со брзина од дури 110,8 километри на час.

Колку е импресивен нејзиниот удар покажува податокот дека минатата сезона во Премиер лигата, ниту еден гол не бил постигнат со таква брзина на топката.

Најсилниот удар кој заврши со гол го забележа Саид Бенрахма, напаѓачот на Вест Хем, 110,2 километри на час.

Англија, актуелниот шампион на Европа, во четвртфиналето на СП ќе игра против Колумбија.

Scroll to Top