Top Sport

(Видео) Колапс на Динамо Загреб во Прага, останаа и без Лига Европа

Хрватскиот шампион Динамо Загреб по испаѓањето во квалификациите во Лигата на шампиони, не успеја да влезат ниту во Лига Европа, по неверојатниот 4:1 пораз на гости кај Спарта Прага, со што не успеаја да ја задржат предноста од 3:1 од првиот натпревар и ќе мораат да се задоволат со Конференциската лига на Европа.

Амбициите на „Максимир“ сигурно беа поголеми од настап во најнискорангираното европско натпреварување, а бидејќи имаа 3:1 предност од првиот меч влегоа во дуелот како фаворити. Меѓутоа, Спарта по само 24 минути игра имаше 2:0 водство со головите на Хараслин и Соренсен за да ја поништат негативата, а кога Панак во 67. минута зголеми на 3:0, веќе имаа резултат кој ги води понатаму.

Батурина со фантастичен гол ги врати Динамо во игра во 71. минута, за во самиот финиш на мечот, кога се исчекуваа продолженија, Виктор Олатунџи даде гол за 4:1 за Спарта.

Scroll to Top