Реал Сосиедад е на чекор до обезбедување на четвртото место во шпанската Ла лига и место во Лигата на шампиони, откако стигнаа до 1:0 победа над Алмерија, која пак, уште нема сигурен опстанок, исто како и Селта, која одигра 1:1 со Џирона.
Такефуса Кубо со прекрасен во самиот финиш на првото полувреме ги обезбеди трите поени за тимот на Иманол, кој сега има 68 поени, осум повеќе од Вилјареал на петтото место (со натпревар помалку).
Алмерија, пак е на 15. место со 38 поени, само три над зоната за испаѓање. Едно место пред нив се Селта, кои поведоа со голот на Карлес Перез во 42. минута, пред Кристијан Стуани да израмни за Џирона со гол од пенал во 59. минута.
ЛА ЛИГА, 36.КОЛО
Реал Сосиедад – Алмерија 1:0
Селта Виго – Џирона 1:1