Напаѓачот на Сампдорија, ветеранот Фабио Кваљарела заврши во солзи откако доби награда од навивачите на Наполи, по очекувањата дека ќе се пензионира на крајот на сезонат. 40-годишниот Кваљарела, инаку роден и израснат во Неапол, нема потврдено дека ќе се пензионира, но се очекува дека го игра својот последен меч во Серија А со Самп, кои веќе испаднаа.
Навивачит на „Курва А“ покажаа фотографија од неговото време во Наполи, а на трибините имаше транспарент со порака: „Горд син на Партенопе, од тешко минато до славна денешница, твојот пот на дресот, никогаш нема да бидеш заборавен од твоите луѓе. Фала, Фабио“.
Кваљарела едно време беше навредуван од навивачите на Наполи порди напуштањето на клубот, додека тој не откри дека проживувал пекол со човек кој постојано го следел. Оттогаш тифозите се обидоа да се извинат за своето однесување. Клубот денеска, пак, му додели посебен медал.
A living calcio legend, a son of Napoli and on his day, a striker like no other.
…and he's getting the send-off he deserves 👏
Grande @FQuagliarella27 💙#NapoliSamp pic.twitter.com/GMRHDaA1LK
— Lega Serie A (@SerieA_EN) June 4, 2023
Once from Napoli, always from Napoli.
Fabio Quagliarella: LEGEND 🫶 pic.twitter.com/uEH4xenpsW
— Lega Serie A (@SerieA_EN) June 4, 2023