РБ Лајпциг го отвори второто коло во германската Бундеслига со импресивна 5:1 камбек победа над Штутгарт, „оправдувајќи“ се за 3:2 поразот од Баер Леверкузен во првото коло.
Гостите први дојдоа во водство на „Ред бул арената“, со голот на Серху Жираси во 35. минута, резултат со кој се отиде на пауза. Во второто полувреме, Бенјамин Хајнрихс израмни на 1:1 во 58. минута, за Дани Олмо да го комплетира пресвртот во 63. минута од мечот.
По ваквиот развој на настаните, „биковите“ дадоа уште три гола до финишот на мечот – преку Лоис Опенда (66.), Кевин Кампл (74.) и со прекрасниот обид на новото засилување Чави Симонс (77.).