Top Sport

(Видео) Лацио ја продлабочи кризата на Баерн, Мбапе и Баркола му пресудија на Сосиедад

ПСЖ и Лацио со предност ќе патуваат на осминафиналните реванши кај Реал Сосиедад, односно Баерн Минхен. Вечерва, ПСЖ го победи Реал Сосиедад со 2:0, а Лацио савеше над Баерн со 1:0.

ПСЖ долго се мачеше да го скрши отпорот на шпанскиот тим, кој имаше неколку опасни напади во првиот дел, но натпреварот го заврши без удар во рамките на голот.

Мбапе пропушт убава шанса во шестата минута, а Сосиедад имаше опасни напади преку Кубо, Андре Силва и Браис Мендес кој ја погоди гредата.

Одбраната на Шпанците пукна во 58.минута кога заборавија на Мбапе, кој од непосредна близина го совлада Ремиро. Конечниот резултат го постави Баркола во 70.минута.

Баерн е во криза, а тоа го покажува и резултатот во Рима. Лацио славеше со 1:0 со голот на Имобиле во 69.минута од пенал. Лацио пенал доби поради невнимателниот стар на Упамекано кој доби директен црвен картон.

Баерн повеќе ја имаше топката кај себе, но Баварците не само што не создадоа некоја сериозна шанса за гол, туку не упатија директен идар кон голманот Проведел.

Реваншите во Сан Себастијан и Минхен ќе се одиграат за три недели.

Scroll to Top