Top Sport

(Видео) Хаос во Канзас Сити на прославата на титулата

Хаос владее на улиците на Канзас Сити по пукањето на прославата на титулата во Супер Боул.

Недолго откако полицијата интервенираше и откако луѓето беа евакуирани од опасната зона, полицијата соопшти дека привела две лица во врска со престрелката.

Претходно имало пукање и дошло до општо стампедо. Познато е и дека се повредени осум до десет лица, а сеуште е непотврдена информацијата дека едно лице загинало.

На социјалните мрежи кружат видеа од луѓе кои панично бегаат од местото на настанот, а ова е едно од првите кои го покажуваат моментот кога сето тоа започна.

Исто така, се појави и видео од полицијата како приведува едно од двете лица кои пукаа во луѓето.

Scroll to Top