Top Sport

(Видео) Легендарниот Лахоз и Тони Крос: Голот на Лајпциг не требаше да биде поништен

„Реал Мадрди славеше против Лајпциг со судиска помош“, пишува каталонскиот „Мундо Депортиво“, ден по победата на Реал во Германија од 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Натпреварот го водеше Ирфан Пељто, најдобриот босански судија. Тоа беше дебито на Пељто во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а со своите одлуки неколку пати ги налути домашните играчи и навивачи. Веќе на стартот од мечот го поништи голот на Лајпциг.

Шешко постигна гол, но тој беше поништен бидејќи соиграчот на Шешко, Хенрикс кој се наоѓа во недозволена позиција остварил контакт со голманот на Реал. Пељто голот го пништи на сугестија на судијата од ВАР собата, Хоманѓанецот, Пол ван Бокел.

„Тоа е погрешна одлука. Се надевам дека судиите ќе го разберат тоа кога ќе го погледнат видеото“, прокоментира Марко Роуз, тренерот на Лајпциг.

Дека Пељто згрешил смета и легендарниот шпански судија Матеу Лахоз.

„Тоа не требаше да се случи. Нормално е дека судијата може да предизвика забуна на теренот ситуацијата погрешно да биде проценета, но тогаш каква корист од ВАР?! Тоа е лудост. Овој пат среќата беше на страната на шпанскиот тим, но не е нормално да се поништи гол поради таков офсајд. Тоа не е фудбал. Мора да бидете фер. Ако ова му се случеше на шпанскиот тим, ќе врескавме“.

Мислењето на Лахоз го дели и фудбалерот на Реал, Тони Крос.

„И јас така ја гледам оваа ситуација. Голманот не беше ни блиску до топката. Требаше да го признае голот. Немам што друго да кажам”, изјави Крос.

Scroll to Top