Top Sport

(ВИДЕО) Левандовски од пенал донесе триумф за Барса во Памплона

Барселона ја победи Осасуна на гости со 1:2 и стигна до третиот триумф во Ла Лига. Каталонскиот гигант сега има десет бода, два помалку од најголемиот ривал Реал Мадрид.

Жул Кунде во последните мигови од првиот дел донесе водство за Барселона, но Осасуна израмни преку Авила во 76.минута.

Десет минути подоцна, Роберт Левандовски од пенал го обезбеди триумфот за Барса.

Scroll to Top