Top Sport

Турција во пет сета и драматична завршница ја победи Србија и стана европски првак

Одбојкарките на Турција го освоија златниот медал на Европското првенство, откако го добија драматичното финале против Србија во пет сета, со 3:2. Србинките имаа водство од 2:1 во сетови, но на крајот беа поразени.

Мелиса Варгас, Кубанката со турски пасош беше фантастична, имаше 40 поени, и ја водеше својата репрезентација до успехот.

Првиот сет Србија го доби со 27:25, но Турчинките возвратија со 21:25 во вториот.

Тијана Бошковиќ беше предводник во тимот на Србија, а третиот сет повторно го доби нашиот северен сосед со 25:22.

Потоа се влезе во драматична завршница. Четвртиот сет беше неверојатно израмнет, а Турција сепак успеа да го добие со подобар финиш (25:22).

Се играше петти, решавачки сет, а Турчинките на крајот славеа со 15:13 и го освоија златниот медал.

 

Scroll to Top