Top Sport

(ВИДЕО) Ливерпул убедлив против Астон Вила

Ливерпул го оствари третиот триумф оваа сезона во Премиерлигата откако на „Енфилд“ ја совлада Астон Вила со 3:0.

Доминик Шобослаи во третата минута го постигна првиот погодок за „црвените“, а Мети Кеш во 22.минута со автогол зголеми на 2:0 за Ливерпул.

Мохамед Салах беше стрелец на третиот гол во 55.минута, на асистенција на Дарвин Нуњез.

Кристал Палас го победи Вулверхемптон со 3:2.

 

Scroll to Top