Top Sport

(Видео) Лудо „Мадрилењо“ дерби – Атлетико во 93.минута го шокира Реал

Реал и Атлетико одиграа без победник 1:1 во дербито во 23.коло во Примера. Атлетико го шокираше градскиот ривал со гол во 93.минута.

„Мадрилењо“ ги оправда очекувањата, а сигурно е дека ќе има многу рекации од двете страни на судењето. ВАР на Атлетико му поништи гол во 48.минута. Спорна е позицијата на Саул во моментот кога Савиќ го матираше Лунин. Од друга страна Реал бараше најстрога казна во две ситуации. По дуелот на Саул и Лукас Васкез и потоа по дуелот на Савиќ и Белингем.

Реал во дербито влезе без Ридигер и Винисиус кој се повреди на загревањето. На местото на Бразиелцот, Анчелоти го стави Брахим Дијаз, кој беше најдобар на теренот.

Имаше среќа да постигне гол во 20.минута. Одлично се снајде по еден карамбол пред голот на Атлетико и лесно ја префрли топката преку Облак. Имаше Дијаз уште една голема шанса во вториот дел, кога лесно ги исфрли Ермосо и Витсел, но ударот не беше добар. Голема шанса во втриот дел имаше и Родрого, но неговиот удар го одбрани Облак.

Атлетико во првиот дел се закани преку Мората, Витсел, Савиќ и Саул. Ударите на Савиќ и Саул не беа прецизни, а Лунин ги одбрани ударите на Мората и Витсел.

Во втроиот дел најдобрата шанза за „јорганџиите“ ја имаше Гризман. Се обиде атрактивно со петица, но Лунин не дозволи да биде изненаден.

Атлетико изедначи во 93.минута, со голот на екс играќот на Реал, Маркос Љоренте. Долга топка испрати Савиќ, на работ од 16.метри Депај ја префрли во средината, на неа налета Љоренте и ги постави конечните 1:1.

Scroll to Top