Ал-Хилал дале повисока понуда од Јувентус за потписот на Ромелу Лукаку, но напаѓачот на Челси сака да остане во Европа и ја преферира „старата дама“, тврди „Скај спортс“.
Ова доаѓа откако Интер се откажаа од обидот да го донесат Лукаку на постојан трансфер, чувствувајќи се предадени што тој не одговарал на повиците на директорите и колегите минатата недела и наместо тоа отворил преговори со лутиот ривал Јувентус. „Бјанконерите“ се подготвени да платат 40 милиони евра за 30-годишниот Лукаку, но за да се финансира тој трансфер, прво треба да го продадат Душан Влаховиќ.
Според „Скај спортс“, Челси имаат далеку „посериозна“ понуда за Лукаку од Ал-Хилал во Саудиска Арабија, но Лукаку инсистира дека сака да остане во Европа.
Од друга страна, дел од навивачите на Јувентус, денеска, во Торино покажаа дека нема да му посакаат добредојде на Лукаку, пеејќи: „Не го сакаме Лукаку“.
🚨 Juventus fans protest against the potential signing of Romelu Lukaku.
"We don't want Lukaku."#CFC
(@SimoneDinoi)pic.twitter.com/kdWqaFhqqo
— Chelsea Dodgers (@TheBlueDodger) July 17, 2023
BREAKING: Juventus & Al-Hilal are interested in signing Chelsea striker Romelu Lukaku pic.twitter.com/l9IfS6rVYP
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 17, 2023