Top Sport

(Видео) Лукаку за победа на Рома, Ливерпул со камбек-триумф во Австрија

Главните фаворити во Лига Европа имаа проблеми на почетокот, но на крајот стигнаа до три поени. Минатогодишниот финалист Рома стигна до 2:1 победа кај молдавскиот Шериф Тираспол благодарение на голот на Ромелу Лукаку, додека Ливерпул губеа, но се созедоа за 3:1 победа на гости кај ЛАСК Линц.

Леандро Паредес донесе водство за „волчицата“ во финишот на првото полувреме, но Шериф успеа да израмни преку Кристијан Товар во 57. минута, пред Лукаку во 65. минута да осигура победа за тимот на Жозе Мурињо.

ЛАСК поведе против Ливерпул во 15. минута преку Флоријан Флекер, пред во второто полувреме, Ливерпул да направи камбек со пеналот на Дарвин Нуњез во 56. минута и Луис Дијаз во 63. минута, а Мохамед Салах во 88. минута стави точка на мечот.

Во другите мечеви, Вилјареал загуби во Грција со 2:0 од Панатинаикос, а Баер Леверкузен со 4:0 го декласираше шведскиот Хакен.

Во поинтересните мечеви од Конференциската лигa, Легија Варшава стигна до импресивен 3:2 триумф над Астон вила, Зрињски со 4:3 го победи АЗ Алкмар, а Фиорентина одигра 2:2 со Генк.

ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА Е
ЛАСК Линц – Ливерпул 1:3
Унион Сен-Жил – Тулуз 1:1
ГРУПА Ф
Панатинаикос – Вилјареал 2:0
Рен – Макаби Хаифа 3:0
ГРУПА Г
Сервет – Славија Прага 0:2
Шериф Тираспол – Рома 1:2
ГРУПА Х
Баер Леверкузен – Хакен 4:0
Карабаг – Молде 1:0

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА, 1.КОЛО
ГРУПА Е
Легија Варшава – Астон вила 2:1
Зрињски Мостар – АЗ Алкмар 3:3
ГРУПА Ф
Ференцварош – Чукарички 3:1
Генк – Фиорентина 2:2
ГРУПА Г
Ајнтрахт Франкфурт – Абердин 2:1
ХЈК Хелсинки – ПАОК 1:3
ГРУПА Х
Фенербахче – Нордсјеланд 3:1
Лудогорец – Спартак Трнава 4:0

Scroll to Top