Top Sport

Кралот Чарлс на посета кај Пари Сен-Жермен

Британскиот крал Чарлс доби дрес на Пари Сен-Жермен при официјалната посета на Франција, каде што се сретна со претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи. 74-годишниот британски монарх доби дрес со бројот 3, поради неговата официјлна титула крал Чарлс Трети при посетата на Светскиот куп во Рагби во Сен-Дени.

Кралот зборувал со фудбалерите на ПСЖ на француски јазик, штитејќи се со чадор на силниот дожд, а потоа заедно со кралицата Камила ја посетија Базиликата на Сен-Дени, каде што се гробовите на француските кралеви.

Scroll to Top