Top Sport

(Видео) Магијата на Алварез доволна за нова победа на Сити

Актуелниот англиски и европски шампион, Манчестер сити стигна до 1:0 победа во дербито на второто коло во Премиерлигата, победувајќи ги незгодните Њукасл со 1:0.

Човек на одлука за тимот на Пеп Гвардиола во релативно неинтересното прво полувреме беше фантастичниот Аргентинец, Хулијан Алварез, кој постигна прекрасен гол по асистенција на Фил Фоден во 31. минута од мечот.

Њукасл се покажа како исклучително опасен противник, и иако дозволи домаќините да го имаат поседот на топката, успеваа да ги сопрат нападите, а во исто време беа непријатни пред противничкиот гол.

Scroll to Top