Top Sport

(Видео) Не помогнаа ниту Мбапе и Дембеле – ПСЖ со реми кај Тулуз

Килијан Мбапе се врати во составот на Луис Енрике, заедно со новото засилување Усман Дембеле, но францускиот шампион, Пари Сен-Жермен и во вториот меч од новата сезона останува без победа, по 1:1 ремито на гости кај Тулуз.

Мбапе и Дембеле влегоа во игра во второто полувреме, и токму Мбапе ги донесе „светците“ во водство со гол од пенал во 62. минута од мечот, пред Тулуз да израмнат во 87. минута со голот на Закарија Абухлал, исто така со удар од белата точка.

ПСЖ во првото коло исто така не победи, одигрувајќи разочарувачки 0:0 со Лориен, тогаш без Мбапе во тимот.

Scroll to Top