Top Sport

(Видео) Мане против германските новинари: Цела година ме убивате, сега сакате да зборувам

Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане немаше време, ниту волја да одговара на прашања на германските новинари, праќајќи им лута порака по стартот на подготовките на „Алијанц арената“.

Трансферот на Мане од Ливерпул не ги донесе потребните резултати, а клубот посебно беше лут на тепачката која во соблекувалната ја имаше со Лирој Сане по поразот во ЛШ од Манчестер сити. Германските новинари, секако, не го „штедеа“, а сега тој им одговори.

„Секој ден ме убивате, а сега сакате да разговарате со мене?“, им одговори кратко Сенегалецот на новинарите.

Шпекулациите велат дека Мане ќе потпише за клубот на Кристијано Роналдо, Ал-Наср во трансфер од 40 милиони евра.

Scroll to Top