Top Sport

Петра Квитова се омажи со својот тренер

Двократната шампионка од Вимблдон, Чехинката Петра Квитова преку социјалните мрежи потврди дека се омажила со својот тренер Јиржи Ванек на 22 јули.

Квитова веќе седум години работи со Ванек, поранешниот тренер на Каролина Плишкова, а минатата година на Вимблдон потврдија дека се свршени.

33-годишната Квитова оваа сезона освои две титули, во Мајами и Берлин за да се врати меѓу топ 10 на ВТА листата.

Scroll to Top