Top Sport

(Видео) Мбапе и ПСЖ со лесна победа кај Троа, на чекор до титулата

Пари Сен-Жермен се одвои на шест поени на врвот на табелата во француската Лига 1 по 3:1 победата на гости кај Троа, за да дојдат на чекор до нова круна во националниот шампионат.

По незгодниот домашен пораз од Лориен и скандалот околу казната за Лионел Меси по неовластеното патување во Саудиска Арабија, на тимот на Кристоф Галтие му беше потребна лесна рутинска победа за да се врати мирот меѓу навивачите. На крајот, го добија токму тоа.

Килијан Мбапе во осмата минута постигна атрактивен гол со глава, за Витиња да го удвои водството во 59. минута преку Витиња. Ксавиер Шаваларан им даде надеж на Троа во 83. минута, но Фабијан Руиз само три минути повторно стрелаше за 1:3.

Со победата, ПСЖ има 78 поени, шест пред Ленс и осум пред Олимпик Марсеј на четири меча пред крајот на сезоната.

Scroll to Top