Top Sport

(Видео) Меси го однесе Интер во четвртфиналето во ЛШ

Лионел Меси со гол и асистенција го однесе Интер Мајами во четвртфиналето во Лигата на шампионите на Северна и Централна Америка. Интер во победи Нешвил од 3:1 во осминафиналето и со вкупен резултат 5:3 влезе во четвртфиналето.

Се беше решено по 23 минути во првото полувреме. Во осмата минута, Аргентинецот му асистираше на својот најдобар пријател Луис Суарез, кој ја испрати топката низ нозете на голманот за 1:0. Меси 15 минути подоцна зголеми на 2:0.

Меси излезе во 50. минута поради полесна повреда, а Тејлор, кој го замени, погоди со глава за 3:0. Во самиот финиш, Сариџ постигна почесен гол за гостите.

Во четвртфиналето Мајами ќе игра со подобриот од двомечот Монтереј-Синсинати.

Scroll to Top