Top Sport

(Видео) Јокиќ и Денвер се лидери на Западот, заврши нестварната серија на Дончиќ

Денвер Нагетс победија во Мајами со 100:88, во реприза на финалето од минатата сезона. Изминатата ноќ заврши серијата на Лука Дончиќ, кој имаше трипл-дабл на седум последовни натпревар, Василије Мициќ постигна личен рекорд, Сакраменто предводени од Домантас Сабонис славеа над ЛА Лејкерс, а ветеранот на Чикаго Демар Дерозан постигна 46 поени.

Никола Јокиќ, шутна од поле само осум пати, постигна 12 поени, на кои прододаде 14 скокови и шест асистенции. Сепак Денвер лесно славеа во Мајами. Мајкл Портер Јуниор со 25 поени го предводеше тимот до победата, со која Денвер од Оклахома ја презедоа челната позиција во Западната конференција.

Шарлот Хорнетс победија во дуелот со Мемфис Гризлис. Поранешниот МВП на Евролигата, Василије Мициќ постави личен рекорд, за 30 минути на теренот постигна 25 поени со осум асистенции и два скока. Забележа одличен процент на шут од поле, 9/10, погоди 5/6 тројки.

Сакраменто Кингс четврти пат во сезоната славеа над ЛА Лејекрс. Во победата 120:107 блескаше Домантас Сабонис со 17 поени, 19 скокови и 10 асистенции. Литванецот сезонава има најмногу одиграни натпревари со трипл-дабл учинок. Против Лејекрси го забележа 23. во сезоната.

Далас Маверикс со 109:99 ги победија Голден стејт Вориорс. Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 21 поен, три скока и девет асистенции.

Чикаго по едно продолжение ја победи Индијана 132:129. Ветеранот Дерозан во последните секунди му обезбеди продолженија на Чикаго, а во дополнителното време му ја донесе победата на својот тим. Дерозан натпреварот го заврши со 46 поени.

Scroll to Top