Top Sport

Легендите на Спарс го пречекаа Вембанјама

Новата ѕвезда на Сан Антонио спарс, првиот избор на драфтот, Виктор Вембанјама доби пречек од легендите на поранешниот НБА шампион, кои го однесоа Французинот на посебна вчера.

Спарс трипати во својата историја имаа шанси да го изберат првиот пик на драфтот, и првите два пати не згрешија, носејќи ги центрите Дејвид Робинсон и Тим Данкан, така што товарот на Французинот е голем.

Токму Робинсон и Данкан, заедно со Шон Елиот и Ману Џинобили го однесоа Вембанјама на вечера за добредојде.

Scroll to Top