Top Sport

(Видео) Милан кончено го победи Наполи во првенствен натпревар

Фудбалерите на Милан го совладаа актуелниот италијански шампион Наполи со резултат 1:0 во дербито од 24. коло на италијанската Серија А.

Домашните ја забележаа шестата победа во последните седум првенствени натпревари, а немаат пораз во последните девет натпревари во италијанското првенство. Ова е прва победа на Милан на домашен терен против Наполи во Серија А по повеќе од девет години и осум натпревари без победа.

Голот вреден победа го постигна францускиот лев бек Тео Ернандез во 25. минута од натпреварот откако одлично се уфрли зад последната линија на одбраната на гостите и погоди во првиот агол на голманот Пјерлуиџи Голини на асистенција на Рафаел Леао.

Со ова Милан се зацврсти на третото место и дојде на бод од Јувентус, кој има натпревар помалку. Наполи одамна се прости од одбраната на титулата, но загрозен е и нивниот пласман во европските натпреварувања следната сезона.

Scroll to Top