Top Sport

(Видео) Милан сигурен со Рен, Карабаг среде Португалија ја растури Брага

Фудбалерите на Милан направија голем чекор кон пласман во осминафиналето во Лига Европа, а Карабаг ја забележа една од најголемите победи во својата истрија со убедливата победа во Брага. Бенфика од пенал во 98.минута го победи Тулуз. Немаше голови на натпреварот Ленс-Фрајбург.

Милан на преполниот „Сан Сиро“ убедливо го победи Рен со 3:0.

Херој на италијанскиот претставник е Рубен Лофтус-Чик, кој со два удари со глава го ја откула одбраната на Рен, во 32. и 48. минута. Точка на овој меч и мирниот реванш на Милан за седум дена стави Рафаел Леао со гол во 53. минута.

Уште една убедлива победа, но и шокантен расплет видовме во познатиот „Каменол“, каде Карабаг ја декласираше домашната Брага со резултат 4:2 (1:1) и практично го реши двомечот.

Гостите во водство ги доведе Марко Јанковиќ, кој во 21. минута многу сигурно реализираше пенал.

Банца го постигна израмнувачкиот гол на крајот од првиот дел со глава, но Брага целосно киксираше во вториот дел.

Во 54. минута Зубир му донесе нова предност на Карабаг, Бензија во 65. ја удвои, а четири минути подоцна Зубир со вториот гол зголеми на 4:1.

Мутињо му даде малку надеж на Брага во судиското надополнување со гол од белата точка.

На „Ла Луж“ во Лисабон, Бенфика го победи Тулуз со 2:1

Коста играше со рака, ВАР го забележа тоа, а Анхел Ди Марија рутински го реализираше пеналот за 1:0 во 68.минута.

Тулуз потоа тргнува поофанзивно кон голот на домаќините и тоа вроди со плод во 75. минута кога Деслер ги шокираше навивачите на Бенфика.

Во 98.минута, Бенфика доби уште еден пенал, а повторно сигурен реализатор беше Ди Марија.

Scroll to Top