Шкотскиот тренер Дејвид Мојс беше предмет на потсмев кога го замени Сер Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“ во тимот на Манчестер јунајтед, заминувајќи си експресно со уништена репутација.
Повеќе од една деценија подоцна, Мојс го прослави својот најголем успех во кариерата, освојувајќи ја титулата од Конференциската лига со Вест хем, носејќи го првиот трофеј на „чеканите“ од 1965 година. Ова исто така беше првиот трофеј во кариерата на Мојс по 1.097 натпревари, и победничкиот медал Шкотланѓанцот му го предаде на својот 87-годишен татко, Дејвид Мојс Сениор.
„Тој беше првиот кој веруваше, и затоа мислев дека мора да го добие медалот. Ме гледаше многу во текот на годините и се надевам дека уживаше во ова. Уште е силен, сака да доаѓа на натпревари и беше добар момент да се биде со семејството“, изјави Мојс.
Ова не беше единствен момент за сеќавање за Мојс, кој потоа, ги „почести“ своите играчи со неверојатен танц во соблекувалната. Неговата иднина во клубот уште не е потврдена.
"You don't get many moments like this!" 🙌
David Moyes talks celebrating with his 87-year-old father after West Ham's win in Europe! ❤️#UECLfinal pic.twitter.com/NIeJSyVF7S
— Football on BT Sport (@btsportfootball) June 7, 2023
David Moyes loving life 🥳🕺pic.twitter.com/l07Ju9vYbT
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) June 8, 2023