Top Sport

(Видео) Молк на „Монжуик“ – Белингем и пресуди на Барселона

Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1, во 255. Ел класико. Апсолутен херој на Реал и Џуд Белингем кој ги постигна двата гола. Со овој триумф Реал се врати на првото место на табелата со 28 бода, колку што има и Џирона, додека Барса по првиот пораз во сезоната, остана на третото место со четири бода помалку од доецот на врвот.

Првиот впечаток од 255. Ел класико е дека Барселона не заслужи пораз. Домаќините први постигнаа гол, преку Гундоган во седмата минута. По голот Барса продолжи да доминира, имаа неколку опасни напади, Фермин во 16.минута ја погоди стативата.

Промената на формацијата во вториот дел го разбуди Реал.

Играчите на Карло Анчелоти воспостави контрола, но на почтокот од овој период Барса повторно имаше голема шанса, Мартинез во 51.минута ја погоди стативата, а потоа Кепа го одбрани ѕдарот на Фермин.

Во 56.минута Реал го упати првиот директен удар кон голот на Тер Штеген.

Притисокот на Реал донесе промена на резултатот во 68.минута. Белингем посигна брилијантен гол, неодбранливо шутираше од 20 метри. Истиот играч, во 92.минута од непосредна близина го постави конечниот резултат 1:2.

Foto/ EPA

Scroll to Top