Top Sport

(Видео) Мурињо пак брутален кон Тотенхем: Таму не ми дадоа да освојам титула

Жозе Мурињо повторно го коментираше својот поранешен клуб, Тотенхем пред вечерашното финале на Лига Европа со Рома против Севилја, велејќи дека добил отказ пред да им донесе некој трофеј.

Мурињо беше отпуштен од Тотенхем неколку дена пред настапот во финалето на Карабао купот против Манчестер сити во април 2021 година, по што Тотенхем го загубија финалето и не стигнаа до прв трофеј од 2002 година.

„Во Рома не ме отпуштија пред финалето во Тирана, додека во Тотенхем ме отпуштија пред финалето на ‘Вембли’. Во Рома ми дадоа шанса да освојам титула, додека во Тотенхем немав шанса“, вели Мурињо.

Ова е вторпат во неколку дена тој да ги коментира Тотенхем, единствениот клуб со кој работел, а не освоил трофеј. Претходно тој изјави дека ги сака сите свои поранешни клубови (Порто, Челси, Реал Мадрид, Интер, Манчестер јунајтед), но дека нема врска со Тотенхем поради краткото време кое го поминал на клупата и сезоната за време на пандемијата на коронавирус.

Scroll to Top