Шкендија синоќа загуби по драматично изведување пенали од Хаверфордвест, но „најлудиот“ пенал се случи на мечот меѓу Гзира (Малта) и Гленторан (С. Ирска).
Во 13. серија од пеналите, голманот на Гзира, Давид Касар, мислеше дека го одбрани шутот на Џеј Донели и почна лудо да се радува. Но, топката остана во петерецот и со чудно движење доби неверојатно ефе па се стркала во голот.
🇲🇹 Tanda de penaltis interminable entre Glentoran y Gżira (tiraron 14 cada uno) y, de repente, pasa esto. El portero del conjunto maltés se lo para, sale como loco a celebrar, y la pelota va botando hasta entrar. Obvio, el penalti vale. Por suerte, ganaron igual. Surrealista. pic.twitter.com/XOdFz12KO7
— Conference League en Español (@europacnfspain) July 20, 2023
Голманот на клубот од Малта веќе славеше еуфорично надвор од гол-линијата, па на крајот всушност прими гол.
За среќа на Гзира, сепак, тие излегоа како победници и се пласираа во следната рунда од Конференциската лига.