Top Sport

(Видео) Наполи својата најдобра сезона ја заврши со победа над Самп

Виктор Осимен блескавата сезона за него и за Наполи ја заврши со својот 26. гол од сезоната, за новокрунисаниот италијански шампион да стигне до 2:0 победа над Сампдорија во последното коло од Серија А.

Славеничката атмосфера на „Диего Армандо Марадона“ ќе продолжи долго во ноќта откако тимот на Лучано Спалети стигна до 90 поени оваа сезона, дури 16 пред второпласираниот Лацио.

Осимен го отвори резултатот во 64. минута со гол од пенал, за во 85. минута, Џовани Симеоне да го потврди триумфот.

Scroll to Top