Top Sport

(Видео) Бензема се прости од „Сантијаго Бернбеу“ со гол

Карим Бензема последен пат ја носеше капитенската лента на Реал Мадрид, простувајќи се со гол од пенал за 1:1 реми со Атлетик Билбао во последното коло од шпанската Ла лига.

Откако шпанската лига реши сите мечеви кои ќе одлучуваат за клубовите кои ќе испаднат да се играат во вечерниот термин, попладневните мечеви беа во знак на Бензема, кој претходно потврди дека по 14 години си заминува од кралскиот клуб. Билбао се обидоа да му го расипат попладнето – прво во 10. минута добија пенал, но Микел Весга не беше прецизен, за во 49. Оихан Сансет да погоди за 0:1.

Бензема ја доби својата шанса да блесне во 72. минута, кога беше досуден пенал, а тој беше прецизен за 1:1. Карло Анчелоти две минути подоцна го извади од игра за да добие шанса да се поздрави со верните навивачи.

ЛА ЛИГА, 38.КОЛО
Мајорка – Рајо Валјекано 3:0
Осасуна – Џирона 2:1
Реал Мадрид – Атлетик Билбао 1:1
Реал Сосиедад – Севилја 2:1
Вилјареал – Атлетико Мадрид 2:2

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top