Top Sport

(Видео) Навивач на Ал Хилал со ремен удри фудбалер

Неверојатна сцена се случи по натпреварот помеѓу Ал Хилал и Ал Итихад во финалето на Суперкупот на Саудиска Арабија.

Ал Хилал успеа да слави со 4:1 и да дојде до трофејот, а лошата игра на Ал Итихад видно ги изнервира навивачите на нивниот клуб.

Фудбалерот на Ал Хилал, Хамдала по завршувањето на натпреварот се упатил кон делот од трибините каде што биле навивачите на неговиот тим. Откако ги слушнал навредите, лут, испрскал со вода врз еден од нив, а потоа избил посериозен инцидент.

Навивачот го извадил појасот и започнал да го удира фудбалерот. Вакво нешто досега не е видено на фудбалските терени.

Scroll to Top