Top Sport

(Видео) Навивачите на Хајдук тргнаа да се пресметаат со Бед Блу Бојс, играчите избегаа од теренот

Немили сцени се случуваа на стадионот „Пољуд“ во Сплит по полуфиналето од Купот на Хрватска меѓу Хајдук и Динамо Загреб.

Гостите од Загреб, вторпат во само четири дена, беа подобри од Хајдук среде Сплит. Со голот на Сандро Куленовиќ славеа со 1:0 и се пласираа во финалето, пред четири дена со ист резултат „модрите“ победија и во првенството.

По завршувањето на натпреварот, навивачите на Хајдук, револтирани од резултатот, бесот сакаа да го искалат врз гостинските нвивачи.

Ја пробија заштитната ограда и полицискиот кордон пред северната трибина и влегоа на теренот. Фудбалерите на двата тима веднаш избега во соблекувалните.

Толпата тргна кон јужната трибина, но потоа следуваше реакцијата на специјалните полициски сили, кои ги опкружија хулиганите и успеаја да ги вратат на северната трибина, по што тензиите стивнаа.

Scroll to Top