Top Sport

(Видео) Навивачите на Хетафе со топло добредојде за контроверзниот Мејсон Гринвуд

Навивачите на Хетафе му посакаа добредојде на својот нов фудбалер, Мејсон Гринвуд, кој пристигнува на позајмица од Манчестер јунајтед по неговите контроверзи околу сексуалниот напад над својата девојка, за која на крајот не беше осуден, бидејќи полицијата се откажа од случајот.

Хетафе имаа отворена тренинг-сесија во вторникот, каде што навивачите имаа шанса да се сретнат со своите фудбалери, и Гринвуд, чија репутација во Англија е најверојатно завршена за цел живот, доби аплаузи од навивачите на шпанскиот клуб, а дел од нив го бараа неговиот дрес. Подоцна, Гринвуд се фотографираше со навивачите и даваше автограми.

Инаку и неговата девојка, истата која го обвини за силување, беше присутна на тренингот со посебен дрес за нивното прво дете.

Scroll to Top