Полицијата во Лидс потврди дека навивачот на Лидс јунајтед кој вчера истрча на теренот на „Еланд роуд“ за да се расправа со менаџерот на Њукасл, Еди Хау доби обвинение за напад и за недозволено влегување на терен и ќе мора да се појави на суд веќе на 21 јули.
Навивачот истрча на теренот и го поттурна Хау по рамото пред да размени неколку зборови и да биде однесен од обезбедувањето. Лидс јунајтед веќе потврдија дека тој добив доживотна казна за сите натпревари на Лидс.
Newcastle manager Eddie Howe assaulted by a Leeds fan during their match yesterday. Do you get the feeling the big bloke with the beard feels he should have reacted quicker ? pic.twitter.com/M1QEUvzu6O
— SteveWilson🏴#BLM #Resist #ReparationsNow 🐺 (@stevewil94) May 14, 2023