Top Sport

(Видео) Нешто што ретко се гледа – контроверзниот судија Лахоз доби шпалир!

Контроверзниот шпански судија Антонио Матеу Лахоз се приближува до крајот на својата судиска кариера, и неочекувано доби шпалир од фудбалерите на Осасуна на последниот меч кој им го судеше, дуелот со Алмерија.

46-годишниот Лахоз е судија во Ла лига од 2008 година и во својата кариера има судено на повеќе важни натпревари во историјата на фудбалот, како контроверзното четврт-финале помеѓу Аргентина и Холандија на Мундијалот во Катар.

Тој беше очигледно емотивен од потегот на фудбалерите на Осасуна, по што ги подели своите картон на младите навивачи на стадионот.

Scroll to Top