Top Sport

(Видео) Нов кикс на Лацио

Фудбалерите на Лацио одиграа 1:1 против Монца во петтото коло од Серија А.

Небесносините втор натпревар по ред не победија, а од почетокот на сезоната имаат само еден триумф.

Лацио поведе во 12. минута по голот на Чиро Имобиле од пенал.

Тој гол не беше доволен за победа, бидејќи Галијардини израмни во 36. минута и го постави конечниот резултат.

Лацио по пет кола има само четири бода и се наоѓа на 15. место, додека Монца е на 13. место со бод повеќе.

Тимот од Рим во следното коло ќе го пречека Торино, дома ќе игра и Монца против Болоња.

Foto/ EPA

Scroll to Top