Top Sport

(Видео) Волеј на Бруно за победа на Јунајтед кај Барнли

Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа како гости во Барнли (1:0), во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата.

Херој на „црвените ѓаволи“ беше капитенот Бруно Фернандеш, кој ја погоди мрежата на домаќините во 45. минута.

Португалецот искористи одлична топка од ветеранот Џони Еванс, а потоа со прекрасен и моќен волеј удар го совлада Џејмс Трафорд.

Еванс претходно немаше среќа, бидејќи 20 минути претходно неговиот гол беше поништен, поради офсајд на Хојлунд.

Ниту Барнли на овој меч не седеше со скрстени раце, а во 17. минута Амдуни ја погоди стативата.

Второто полувреме беше многу помирно од првото, а Јунајтед успеа да ја зачува минималната предност и да слави по двата порази, од Арсенал и Брајтон.

Тимот на Ерик тен Хаг сега е осми со девет бодови и во следната рунда ќе го пречека Кристал Палас.

Од друга страна, Барнли е последен на табелата со само еден бод и во следното коло ќе му гостува на Њукасл.

Foto/ EPA

Scroll to Top