Top Sport

(Видео) Нова шлаканица за Јунајтед, убедлив пораз на „Олд Трафорд“ за елиминација од Лига купот

Фудбалерите на Манчестер јунајтед уште еднаш од почетокот на сезоната ги разочараа своите навивачи. По поразот, во неделата од Манчестер сити (0:3) во Премиер лигата, вечерва со ист резултат во осминафиналето на Лига (Карабао) купот загубија од Њукасл.

Манчестер јунајтед вечерва го доживеа осмиот пораз во 15. натпревар сезонава во сите натпреварувања. Кога станува збор за натпреварите на днашен терен, ова е петтиот пораз на Јунајтед на последните осум натпревари во сите натпреварувања.

Њукасл со дисциплинирана игра славеше на „Олд Трафорд“. Два гола „страчките“ постигнаа во првиот дел, преку Алмирон во 28 и Хол во 36.минута. Точка на натпреварот во 60.минута стави Вилок. На овој начин Њукасл му се реваншиза на Јунајтед за поразот во финалниот меч минатата сезона.

Она што по овој пораз ја најмногу ја интересира англиската јавност е каква ќе биде судбината на менаџерот Ерик Тен Хаг. Шпекулациите говорат дека ќе го води тимот и викендов против Фулам, но дека неговата како менаџер на Манчестер јунајтед е крајно неизвесна.

Scroll to Top