Top Sport

(Видео) Новицки: Јас сум за Меси, не ми се допаѓа ставот на Роналдо

Дирк Новицки, еден од најдобрите Европејци кои некогаш играле во НБА, го сака фудбалот. Не крие дека внимателно ги следи фудбалските настани.

Гостувајќи во еден подкаст, славниот Германец беше запрашан кого повеќе го сака Меси или Роналдо.

„Знам дека сите се заинтересирани за тоа. Меси е мојот „човек“. Ми се допаѓа како се носи со својата слава, како игра, неверојатно е брз со топката“, истакна Новицки.

Дирк немаше многу убави зборови за Роналдо.

„Кристијано го соблекува дресот, се удира по градите, како стално да зборува „гледајте во мене“. Тоа не е мој стил. Многу ми е полесно да се идентификувам со Меси, но не сакам ништо да му одземам на Роналдо. Ова е само мое лично мислење“, вели Новицки.

Scroll to Top