Top Sport

(Видео) Проблем за Интер, се повреди Меси

Интер Мајами го победи Торонто со 4:0 на домашен терен и ги задржа шансите за пласман во плејофот во МЛС, но голем проблем за тимот на Тата Мартино може да биде повредата на Лионел Меси.

Еден од најдобрите играчи во светот го напушти теренот во 37. минута поради болки во мускулот. Аргентинецот претходно не играше против Атланта, бидејќи почувствува мала болка.

Проблемите за тимот од Флорида ги зголеми Жорди Алба, кој исто така поради сличен проблем го напушти натпреварот две минути пред Меси.

Херој на победата на Мајами беше Тејлор, кој влезе токму на местото на Меси. Постигна два гола и забележа една асистенција. Во листата на стрелците се запишаа и Фаријас и Кремаши.

Scroll to Top