Виктор Осимен продолжи каде што застана минатата сезона, постигнувајќи два гола за актуелниот шампион Наполи на отварањето на новата сезона во Серија А за 3:1 гостинска победа кај Фрозиноне.
Аутсајдерот прв дојде во водство уште во седмата минута од мечот, постигнувајќи гол од пенал преку Абду Херуи. Матео Политано во 24. минута успеа да израмни, по што најдобриот стрелец минатата сезона во Италија, Осимен во 42. минута од мечот ги донесе гостите во водство со прекрасен гол. Осимен стави точка на победата во 79. минута од мечот.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од новиот тренер Руди Гарсија во 77. минута од мечот, влегувајќи на местото на Политано.
Во вториот меч од првото коло, Верона успеа да освои три поени на гостувањето кај Емполи со голот на Федерико Бонацоли во 75. минута.
СЕРИЈА А, 1.КОЛО
Фрозиноне – Наполи 1:3
Емполи – Верона 0:1
See Osimhen shot wan tear net!!! Best striker in the world!! pic.twitter.com/svYmDriRXP
— Dami’ Adenuga (@DAMIADENUGA) August 19, 2023