Top Sport

(Видео) Овации за Елмас и соиграчите по триумфот над Фиорентина

Неапол уште еднаш ја прослави шампионската титула, трета во историјата на Наполи, прва по пауза од 33 години и ерата на Диего Марадона.

На стадионот кој го носи името на славниот аргентински фудбалер, Наполи ја победи Фиорентина со 1:0, а по натпреварот фудбалерите добија уште една спектакуларна прослава на титулата.

Сите играчи беа поединечни претставени и добија овации на отворена сцена.

Дел од фештата беше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Елмас сезонава постигна шест гола и тој е третиот најдобар стрелец во тимот.

Scroll to Top