Top Sport

(Видео) Паје се соочува со жестока казна – Му удри шамар на помошниот тренер на Ланс

Поради инцидентот на дербито со Ленс, ѕвездата на Марсеј Димитри Паје се соочува со жестока казна. Доколку дисциплинската комисија така одлучи, Паје може да добие суспензија до пет натпревари. На четири кола до крајот на сезоната во Лига 1, Марсеј е трет во поредокот и отсуството на Паје би бил тежок удар за тимот на Игор Тудор.

Пред, судијата Клемент Турпан да му го покаже црвениот картон на помошниот тренер на Ленс, Јаник Кахузак, се случи инцидентот кој ја предизвика неговата реакција. Во тој конфликт, ѕвездата на тимот на Марсеј беше главен актер.

Димитри Паје не беше на теренот кога се случи инцидентотво ситуацијата што се случи, но стана од клупата, се скара со Кахузак, а потоа му удри шлаканица.

Тренерот на Ленс, Франк Хаиз, веднаш побара реакција од судијата и исклучување на Паје. Тој не само што не доби казна, туку подоцна влезе и го постигна единствениот гол за Марсеј на натпреварот.

Scroll to Top