Top Sport

(Видео) Панчев со порака до репрезентативците: Чест е да се игра за Македонија

Легендата на македонскиот и југосовенскиот фудбал, Дарко Панчев даде интервју за официјалната странива на Фудбалската федерација на Македонија.

Еден од најдобрите голгетери во својата генерација, европски шампион со Црвена звезда, говори на многу теми.

Панчев ги советува младите играчи дека не треба да брзат со заминувањето во странство, како што вели треба прво да се докажат тука, а проговори и за Стефан Ристовски кој поради селекорот се откажа од настапите во националниот тим.

„Фудбалер не се станува преку ноќ, тоа е еден процес. Секогаш сум за тоа првите неколку години децата да играат тука во Македонија. Нека одигра 100 натпревари во макеоднската лига, па доколку покаже квалитет, доколку е над другите ќе најде ангажман надвор. А сега ги носат децата надвор на 15 или 16 години, како на запад да немаат деца, како таму да не тренираат, како само нас да не чекаат. Мислам дека тука прават големи грешки и многу наши такви талент загснуваат“.

„По катастрофалниот пораз од Англија се случуваа неколку работи што не беа добри за соблекувалната. Некои играчи си дозволија да дојдат до тоа ниво да кажуваат за тоа кој треба да биде тренер, а кој не.  Тоа не е добро.  Јас сум бил играч, јас сум бил капитен на репрезентацијата, никогаш не сум си дозволил да ми падне на памет да им кажам на овие од раководството на федерацијата – „а бе знаеш, кај сте го ставиле овој тренер, јас не играм додека е тој тука“. Ти си викнат да играш за Македонија, треба да ти биде чест да играш за репрезентацијата“, кажа Панчев.

Фото/ архива Топспорт

Scroll to Top