Парагвајскиот фудбалер Антонио Санабрија имаше простачка реакција, во текот на натпреварот со Аргентина, по еден вербален конфликт со Лионел Меси.
Аргентина го победи Парагвај со 1:0 во квалификациите за Светското првенство. Меси натпреварот го почна од клупата за резерви. Единствениот гол го постигна ветеранот Николас Отаменди во третата минута.
Покрај победата, натпреварот го одбележа и уличарскиот потег на напаѓачот на Торино.
Меси, како што изјави потоа, не забележал дека Санабрија го плукнал бидејќи во тој момент му го свртел грбот.
„Не видов што се случува, соиграчите ми кажаа дека ме плукна. Не го ни познавам тој човек и не сакам да му обрнувам внимание, да го направам славен за потоа сите да зборувате за него“, изјави по мечот Меси.
QUE LO ESCUPIS A MESSI PARAGUAYO PELOTUDO LA CONCHA DE TU MADRE SANABRIA pic.twitter.com/Tn3qnFCDzm
— Argentina Gol 𝕏 (@BocaJrsGolArg) October 13, 2023