Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус го открива моментот кога решил дека мора да замине од Манчестер сити бидејќи менаџерот Пеп Гвардиола го расплакал со неговата тактика.
Тоа се случило на мечот од Лигата на шампиони против Пари Сен-Жермен во ноември 2021, кога Гвардиола решил да го постави Олександер Зинченко како „лажна деветка“, иако тој е лев бек, и Бразилецот сфатил дека не е клучен играч во плановите на Гвариола.
„Меч од Лигата на шампиони, ПСЖ дома, Зинченко како лажна деветка… Луда работа. Еден ден претходно, воопшто не го користеше Зинченко на тренинг, а ме стави мене како напаѓач. Два часа пред мечот, состанок, ручек и ни го кажува тимот. Воопшто не јадев, веднаш отидов во собата и плачев. Се јавив на мојата мајка и знаев дека скама да си заминам. Полудев“, открива Жесус.
Жесус го замени Зинченко на тој меч со ПСЖ, постигнувајќи еден гол и асистирајќи уште еден за 2:1 победа, но одлуката веќе била донесена.
„Не се загревав, се чувствував лошо. Пет минути по голот на Килијан Мбапе, Гвардиола ме повика. Асистирав и дадов гол, победивме со 2:1. Следниот меч против Лајпциг, пак не игра. Не беше лесно под Гвардиола. Веќе имав одлучено дека сакам да заминам“, вели Жесус.