Top Sport

Мурињо му нуди на Мектоминеј да дојде на „Олимпико“

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, се обидува да го доведе во клубот играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеј, тврди „CBS Sports“. Португалскиот стратег одлично ги познава квалитетите на Шкотланѓанецот од нивната заедничка работа на „Олд Трафорд“ и е подготвен повторно да го земе со себе, овојпат на „Олимпико“.

Мектоминеј го загуби стартното место во составот на „црвените ѓаволи“ по доаѓањето на Ерик тен Хаг. Минатата сезона одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, но често беше оставен на клупата на сметка на Касемиро и Кристијан Ериксен и влегуваше како замена. Играчот не е особено среќен поради ситуацијата и нема да биде изненадување доколку побара нов предизвик.

Рома не е единствениот кандидат за 26-годишниот фудбалер кој го бараат и Њукасл и Вест Хем. Сепак, Мурињо може да одигра клучна улога во убедувањето на играчот од средниот ред да ја прифати понудата на „волчицата“.

 

Scroll to Top