Top Sport

Усик ќе ги брани титулите против Дубоа во Полска

Украинецот Олександер Усик ќе ги брани своите ИБФ, ИБО, ВБО и ВБА титули во тешка категорија против Британецот Даниел Дубоа на „Тарчински“ арената во Вроцлав, Полска на 26 август.

Оваа одлука доаѓа откако долгите преговори со ВБЦ шампионот, Тајсон Фјури за меч за обединување на титулите „пропаднаа“ во март.

Дубоа е носител на „регуларниот“ ВБА појас во тешка категорија и задолжителен предизвикувач за супер-титулата на 36-годишниот Усик. 25-годишниот Дубоа има 19 победи со 18 нокаути и само еден пораз. Усик е непоразен во 20 професионални меча и во последниот меч го победи Ентони Џошуа на поени во 2022 година.

Scroll to Top